Не постои ништо поинтересно од уништувањето на добро овошје во името на науката. На соодветно именуваниот Јутјуб канал „The Backyard Scientist“ има многу чудни и интересни експерименти, кои понекогаш знаат да бидат и малку опасни, па токму затоа и не треба да се обидувате да ги рекреирате сами. Но, кога тие одлучиле да сипат стопен алуминиум во лубеница, резултатот бил многу позабавен и помалку експлозивен отколку што се очекувало.