Додека во првиот дел, малото девојче низ една потресна едноминутна приказна ни ги покажува ефектите на војната врз децата, овој пат таа ни покажува како кризата со имигрантите влијае врз најмладите имигранти кои го изгубиле своето образование, својот дом, па дури и своите семејства. Погледнете го видеото кое има за цел да ја подигне свеста кај народот и да ни покаже дека во денешните безредија, најмногу страдаат невините.