Секси календарот на „Пелистерка“ за 2014

Провокативен, сексапилен, дрзок и ексцентричен е новиот уметнички календар на „Пелистерка“ за 2014 година. Исто како и минатите години, така и оваа, адреналинскиот календар не отстапи од својот квалитет. Изборот на девојки е одличен, шминката, фризурата и сценографијата се супер, па така и добиениот резултат во фотографии е фантастичен.

Пенелопа Стаматовска, Симона Марковска, Диона Денковска, Верица Горгиева, Сара Анастасовска и Луција Филипашиќ се главните ликови на годинешниот календар, проследени со креативен „карактерен“ опис во еден збор. Идејата и концептот се комплетно дело на фотографот и режисер на проектот, Чедо Поповски, поддржан од остатокот од екипата на „Блу Танг“: Лазе, Ивана, Биљана, Марија и Новица. За шминката беше задолжен Зоран Шурбевски, а снимањето се одвиваше на три локации: во Скопје, Штип и Маврово.