Ретко кој сака да користи јавен превоз, без разлика дали се работи за автобус или воз. Секогаш има гужва, седиштата воопшто не се удобни и постојат големи шанси дека ќе се појави човек кој ќе ве изнервира со неговото некултурно однесување. Сепак, има и случаи кога јавниот превоз се претвора во прекрасно искуство! Така, музичарите од групата Apartment Sessions ги освоиле патниците во една подземна железница со нивната изведба на „Somebody To Love“ од Queen. Слушнете ја нивната генијална преработка и уживајте…