„Романса за време на ручек“ (A Lunch Break Romance) е краток филм чиј автор е Дени Сангра. Тој во само две и пол минути успеал да ја смести ситуацијата во која двајца луѓе си се допаѓаат меѓусебно, но премногу размислуваат пред да преземат чекор и потоа сè паѓа во вода.