Не е тајна дека многу луѓе се сомневаат во верноста на нивниот партнер. Поради тоа компанијата Durmet решила да лансира производ кој може да помогне да се докаже неверството.
Душеците збогатени со технологија не се никаква новост. Сите знаеме дека постојат модели кои го масираат грбот, кои сами ја регулираат топлината и слично. Нивната корисност несомнено може да биде лесно надмината од овој душек кој ги разоткрива прељубниците. Имено, во душекот „Smarttress“ се вградени детектори и сензори за читање на движењата, вибрациите и тежината. Детекторите и сензорите се поврзани со мобилна апликација која собира податоци за сè што се случува на душекот – од траењето на активностите што се одвиваат на него до интензитетот на движењата. Доколку душекот забележи непредвидена тежина, движења или вибрации, апликацијата на вашиот мобилен телефон автоматски испраќа порака во која ве известува за тоа што се случува во вашиот кревет.
Овој „паметен“ душек е производ на шпанската компанија Durmet и чини 1.540 евра.
„Дојдовме до оваа идеја кога видовме дека според одредени статистички податоци Шпанците се најголемите прељубници во Европа. Овој концепт ќе смири многу жени и мажи. Однадвор душекот изгледа потполно нормално и удобно, но во внатрешноста крие врвна технологија. Мислиме дека ќе постигне голем успех ширум светот, затоа што е првенствено дизајниран за лов на партнерите кои изневеруваат“, вели Хосе Антонио Муинос, гласноговорникот на компанијата.