Најпопуларната кукла на светот, Барби, многу често го поделува мислењето на јавноста. И покрај тоа што некои ја сметаат за идеална играчка за малите девојчиња, други мислат дека нејзините нереални пропорции даваат искривена слика за начинот на кој една жена би требало да изгледа. Токму поради тоа и произведувачите на оваа кукла решиле да состават реклама со цел да им покажат на овие луѓе како Барби всушност ја развива детската фантазија додека најмалите девојчиња си играат со неа и замислуваат што сè можат да станат…