Главните актери во аргентинската реклама за трансплантација на органи која го расплака светот се едно куче и неговиот сопственик, еден повозрасен маж. Ја гледаме нивната неразделна врска, сè додека сопственикот не се разболува и итната помош го носи во болница. Но, кучето ни тогаш не го остава сам, па отрчувајќи по амбулантното возило, стигнува до самата болница каде што со денови останува да го чека. Тука се случува голем пресврт, кој нè тера да ги наполниме очите со солзи и да ни затрепери тешка воздишка низ устата. Погледнете зошто оваа реклама ја видоа веќе повеќе од 2.000.000 луѓе.