Ова е еден интересен експеримент. Ќе помислите дека е невозможно човек никогаш да не се заинтересирал за анатомијата на сопственото тело, но овие неколку жени никогаш не се погледнале на најинтимното место. Причините се различни кај секоја, една сакала да стане калуѓерка, друга била силувана, трета не може заради дебелината, четврта се истрауматизирала од коментарот кој го добила од првото момче со кое била интимна. Какво олеснувачко чувство да се запознаеш себеси на овој интимен начин после толку години…