Фотографот Патрик Хол е креатор на овој необичен видео проект во кој луѓе доброволно се пријавиле да бидат погодени со шок-пиштол, и тоа од страна на нивните сакани. За време на снимањето, некои врискале и пцуеле, други се смееле, но изненадувачки, имало и четворица момци и девојки, на кои изгледа никако не им делувале 300.000 волти струја. Видеото ги исклучува звуците и се задржува само на гримасите одблизу, прикажани во уметничко забавено движење кое ни дозволува сосема да сочувствуваме со болката и истовремено да уживаме во фантастично реализираното видео ремек-дело.