Погледнете како функционира првиот принтер за палачинки во светот. Овој уред им овозможува на корисниците да прават палачинки, но не какви било, туку тие може да бидат со различна форма или дизајн. Така, можете да јадете палачинка во форма на Ајфеловата кула, пеперутка или пак вселенски брод. Која би била вашата омилена форма?