Во овој краток анимиран филм режисерката Изи Бартон ја раскажува приказната за Стела со цел да ја потенцира осаменоста на постарите луѓе за време на Божиќ.
За многумина од нас, Божиќ е несомнено најубавиот период од годината. Но, за милиони постари лица ширум светот, празниците не се нивното најсреќно доба. Филмот на оваа режисерка номинирана за BAFTA зборува гласно за луѓето на кои сите подзабораваме, особено за време на празниците. Тој ја раскажува приказната за Стела, постара жена која го поминува Божиќ сама, но успева да пронајде пријател на необичен начин.
Приказната пренесува силна порака до сите нас да се сетиме на луѓето кои се осамени за време на празниците и да им посветиме внимание.
Можеби сакате да го погледнете и магичното тајмлапс видео од поларната светлина и Млечниот пат.