Нема подобро чувство од тоа кога ќе се вратите дома, а таму ве очекува некој кој е пресреќен што сте тука. Дури и ако тој некој не е човек. Дури и ако станува збор за маченце.
Без разлика на тоа што кучињата се тие кои имаат репутација како премногу среќни и ентузијастички настроени, ова мало маче ги надминува сите кучиња и тоа во помалку од 30 секунди. Кога сопственикот се враќа, мачето се обидува да остане мирно, но неколку секунди подоцна, тоа го отфрла неговото ладно однесување и ја искажува неговата вистинска љубов.