Погледнете ја 3-годишната Бруклин која не може да престане да му се смее на нејзиниот татко, кој пак откако видел дека на неговата ќеркичка ѝ е забавно, продолжил да си игра со зеленчукот. Нејзиното заразно смеење ќе ве натера да се запрашате зошто воопшто е потребно да купувате играчки за дечиња, кога семејството е секогаш најдобриот извор на забава.