Новата мајка, Лорен, ја објавила оваа неодолива фотографија од своето прерано родено бебенце и таа веднаш станала вирална. Воопшто не нè чуди зошто! Погледнете само колку искрено се смее ова малечко суштество, како да знае дека е среќно што е живо!
„Нашата ќерка е стара само 5 дена. Таа тежи 1,7 килограми, но без сомнение е среќна што е жива!“ – пишува Лорен.
Малото бебе има помала тежина од просечната (2,5 – 5 килограми) за новороденчиња, но тоа не го спречува да го прегрне животот од самиот почеток!