Човекот од ова видео навистина обрнувал внимание додека го гледал „The Notebook“. Тој успеал да испланира запросување кое би можело да биде сцена во филм. Најмногу бидејќи тоа е всушност сцена од филм, со мали промени кои даваат автентичност и шарм. Па која девојка не би кажала „да“ кога момчето ќе ја запроси како во најромантичната филмска сцена од најомилениот романтичен филм?! Случајна достава на цвеќиња во чамецот, романтична песна од прекрасен вокал придружен со гитара, хартиени лебеди пловат по водата… Останува уште да се постави прашањето…