Студиото за анимации Пиксар, е познато по неочекуваните темни, но храбри начини на кои ги раскажуваат своите филмови. Сепак, бидејќи станува збор за приказни наменети за деца, тие се внимателни при изработката, додека истовремено се и многу директни при пренесувањето на посакуваните пораки. Нема сомнеж дека се навистина добри во својата работа.
Овој пат тие сакале малку да ги сменат нештата и да направат анимиран кус филм, но наменет исклучиво за возрасните. Иако анимациите имаат сличности со досегашните дела за деца на Пиксар, сепак приказната може да ги погоди дури и најтврдокорните возрасни право во срцето. Погледнете го видеото погоре и подгответе се да бидете вчудовидени од неверојатните детали на анимациите, како и од моќноста на самата приказна.