Колку и да се воодушевуваме на оригиналните идеи на кампањите за брзо возење и моќниот ефект кој го имаат врз гледачот во моментот, и понатаму многу сообраќајки се случуваат како резултат на големите брзини во сообраќајот.
Ова е кампања на Министерството за животна средина на Северна Ирска и бидејќи е премногу вознемирувачка за децата, нејзиното емитување е забрането пред 21 часот.
Веројатно преголемата желба да се влијае на свеста за последиците од брзото возење ја ограничува гледаноста на видеото, но и понатаму, мора да признаеме дека приказната, која е одлично надополнета со песната „Sweet Child O’ Mine“ од Guns N’ Roses, создава морници како задолжителна нуспојава која ќе ја почувствувате од гледањето.