Целта на професорите не е само да им дадат знаење на учениците од областа на предметот што го предаваат. Тие имаат уште една многу поголема и позначајна улога: Да внесат позитивна промена во животот на учениците. Добриот професор дава и животна мудрост, а не само образовна. Учениците секогаш ги паметат професорите кои им дале поддршка, ги поттикнале да веруваат во себе и им го отвориле погледот кон светот. Тука станува збор за токму такви професори и затоа нивните поранешни ученици им приредиле вистинско изненадување со цел да им искажат благодарност. Погледнете го видеото кое ќе ве трогне и ќе ви ја врати вербата во добрите професори…