Иако чевлите и скапата облека претставуваат едни од материјалните задоволства на секоја жена, сепак и долната облека често го привлекува вниманието на женскиот пол. Психолозите и истражувачите велат дека жените се чувствуваат посамоуверено доколку на себе носат убава, квалитетна и женствена долна облека која игра значајна улога во еволуцијата на модата и женската перспектива во минатиот век, докажувајќи дека сексапилот е повеќе поврзан со она што се крие под облеката. А, како се менувала таа долна облека во последните 100 години, погледнете во ова симпатично видео кое го подготви „Mode“ и кое со себе носи eдна моќна порака.