Велосипедистот Дени МекАскил добил неверојатно луда идеја да се искачи на врвовите од планините на островот Скај во Шкотска. Тој со помош на својот планински велосипед се впуштил во смртоносна авантура и ги поместил границите на планинскиот велосипедизам. Неговиот поход е овековечен во краткиот документарец насловен „Гребенот“ (The Ridge) што го снимил откако се вратил во родната Шкотска.
Погледнете го ова неповторливо видео кое ќе ве остави без зборови и ќе го разбуди вашиот авантуристички дух.