Познато е дека постои посебна врска помеѓу ќерките и татковците. Татковците обично ги разгалуваат нивните мали принцези и прават сѐ за да ги направат среќни. Па, така овој татко за да се зближи со неговата ќерка решил да ѝ се придружи во нејзината омилена активност: Гимнастиката. Тоа би било одлична идеја кога тој би бил професионален гимнастичар, меѓутоа овој случај не е таков. Неговите обиди се урнебесно смешни, а некои од нив сигурно многу болеле. Погледнете го ова видео кое ќе ве насмее и ќе ви ја покаже посебната врска што постои меѓу татковците и ќерките…