Користејќи ги различните техники на шминкање и стилизирање на косата, овие жени се направени да изгледаат како нивните мајки. Како инспирација биле користени стари фотографии од минатото, кога мајките биле на слична возраст како и нивните ќерки. Реакциите на финалните резултати се доста интересни, а ќерките не ја пропуштиле шансата да се потсетат на деновите кога растеле како деца и да ја искажат својата љубов и почит кон мајките.
„Да се расте во мултиетничко семејство е многу поразлично искуство. Другите деца ќе ми кажеа дека воопшто не личам на мајка ми, или дека е невозможно таа да ми биде мајка“, вели една од жените кои се согласиле да учествуваат во овој интересен видео проект.
По неколку перики и шминки, секоја од жените навистина личела на својата мајка од старите фотографии. Погледнете за што всушност станува збор.