Дизни Ворлд е местото каде сите детски соништа стануваат реалност. Патувањето на семејството Коли станало посебно магично кога нивниот син Џексон ја запознал Снежана за прв пат.
Џексон има аутизам, нарушување на психичкиот развој кој влијае на тоа како тој го доживува светот околу него, и не може да говори. Вообичаено тој бил многу срамежлив со непознати луѓе и затоа неговите родители биле повеќе од изненадени кога ја виделе неговата неверојатно радосна реакција на Снежана, со оглед на фактот дека ниту еден од другите ликови во паркот не успеал да го привлече неговото внимание.
Погледнете го видеото во кое ова прекрасно мало момченце со чудење и восхит ја гледа Снежана и веднаш остварува длабока поврзаност со неа. Споменавме дека е облечено како Пинокио? Не постои ништо послатко на светот од оваа неверојатна средба!