Во најновата епизода од The Late Late Show, Џулија Робертс одглуми 26 од нејзините најпознати филмски улоги во придружба на урнебесниот Џејмс Корден. Иако не се сомневавме во нивниот талент, сепак навистина неверојатно е тоа што тие успешно го реализираа овој подвиг за помалку од 10 минути! Од „Нотинг Хил“ (Notting Hill) и „Убава жена“ (Pretty Woman), па сѐ до „Ерин Броковиќ“ (Erin Brokovich) и „Јади, моли се, љуби“ (Eat Pray Love), ова дуо успеа со сериозен израз на лицето да ги изрецитира најпознатите филмски реплики што ја прославија холивудската актерка. Погледнете го следново видео за да се потсетите на најуспешните филмски остварувања на Џулија Робертс…