Најголемиот дел од нашето време обично го поминуваме со пријателите или со нашите партнери, така што разбирливо е тие да нѐ познаваат најдобро. Но, кој би нѐ познавал подобро: Најдобриот пријател со кој се знаеме целиот живот или, пак, партнерот со кого сме во врска неколку години? Точно е дека повеќе време и доживувања сме поминале со најдобриот пријател, но партнерот е личноста на која ѝ ги доверуваме сите наши стравови и длабоки, скриени тајни и со која сме интимно поврзани.
Девојката и најдобриот пријател на ова момче решиле да се пресметаат и да докажат еднаш засекогаш кој знае повеќе работи за него. Погледнете го овој неверојатно забавен натпревар, па направете го истиот и со вашиот најдобар пријател и момче или девојка.