Малата глумица Анано, која има само 6 години, била ангажирана во едно истражување спроведено од страна на УНИЦЕФ кое имало за цел да го прикаже животот на сиромашните деца без родители и без покрив над главата. Имено, Анано стоела сама во центарот на градот убаво облечена во прекрасно сиво фустанче, но тажен израз на лицето и веднаш го привлекла вниманието на минувачите кои почнале да ѝ приоѓаат.
Луѓето ѝ поставувале прашања како: „Како се викаш?“, „Колку години имаш?“, „Дали си се изгубила?“, а еден човек дури и повикал полиција. Сите биле загрижени и сакале да му помогнат на слаткото, тажно и осамено девојче. Но, што се случило кога организаторите потполно го промениле нејзиниот изглед и ја облекле како валкан бездомник? Дали луѓето се однесувале на истиот начин?
Експериментот потоа бил повторен на истиот начин, но овој пат во ресторан. Реакциите биле толку остри, што експериментот морал да биде нагло прекинат!
Погледнете го ова видео, снимено во Тбилиси во Грузија, кое ќе ве замисли какви луѓе сме и целосно ќе ја смени вашата перспектива на работите во светот.