Многу девојки користат вештачки трепки за да ги истакнат нивните очи и да добијат посензуален изглед. Тука нема ништо необично. Но, што кога мажите би се обиделе да го направат истото? Звучи малку неприродно, нели? Овие другари сепак решиле да го прифатат предизвикот и да си стават еден на друг вештачки трепки. Некои обиди се урнебесни и катастрофални, други, пак, и не се толку лоши. Во секој случај, сите се согласија дека овој експеримент е тест за нивната меѓусебна доверба и пријателство. Погледнето го ова забавно видео и оценете ја умешноста на овие момци кога станува збор за ставање вештачки трепки…