Денес, хамбургерите, тостовите и клуб сендвичите се најпопуларните сендвичи кои децата ги обожаваат и би можеле постојано да ги јадат. Но, тоа не било отсекогаш така. Како и сѐ друго, така и храната многу се има променето низ годините.
Одговорните на Јутјуб каналот „Bon Appétit“ сакале да дознаат што мислат децата за сендвичите од минатото. Со таа цел, тие одбрале група деца за да ги пробаат најпопуларните сендвичи од изминатите 100 години. Некои од нив изгледаат навистина вкусно! Без да должиме повеќе, погледнете го видеото кое несомнено ќе ви го отвори апетитот…