Џејмс Корден ја собрал актерската екипа од филмот „Тор: Рагнарок“ (Thor: Ragnarok) за да ја оствари својата визија за 4Д. Тој и актерите упаѓаат на проекција на филмот, го изведуваат во живо и ѝ приредуваат вистинско изненадување на публиката. На сцената се наоѓаат Крис Хемсворт, Том Хидлстон, Кејт Бланшет, Теса Томсон, Марк Рафало и Џеф Голдблум. Уживајте во урнебесната изведба.