Метрото во Њујорк е магично место каде малкумина имаат срам и каде што владее само едно и единствено правило, а тоа е никој да не го гледате директно в очи. Повеќето луѓе го поминуваат своето патување читајќи или слушајќи музика. Токму затоа и комичарот Скот Роговски, член на друштвото за комедии и скечови The Chortle, решил малку да се забавува и да предизвика интересни реакции кај патниците, читајќи книги со провокативни и срамни корици. Погледнете за што станува збор.