Мачињата се слатки и пријатни за галење и тоа им е многу добро познато на сите љубители на мачки. Но, постојат и многу луѓе кои едноставно не можат да поднесат мачки. Ги опишуваат како злобни, користољубиви и непредвидливи, па дури и се плашат од нив! Неколку луѓе кои отворено признале дека мразат мачки, се согласиле да се обидат да погалат мали мачиња. Се изненадиле кога откриле дека искуството не е толку страшно колку што си го замислувале. Напротив! Еден од нив дури и признал: „Сѐ додека не порасне во мачка, обожавам мали мачиња!“
Погледнете го видеото и видете ги реакциите на овие луѓе кога за прв пат ќе погалат мали мачиња.