Младите балерини од школото за балет во Чикаго полека ги освојуваат социјалните мрежи, откако нивниот учител Хомер Ханс Брајант го објавил ова видео во кое тие танцуваат на песна од Џејсон Деруло во Бразил. И покрај тоа што постојано танцуваат на прсти, тие успеваат да ја задржат својата рамнотежа како вистински професионалци, додека го спојуваат балетот и модерните танци со овој елегантен чекор. Погледнете го видеото кое веќе брои преку 7 милиони прегледи на Фејсбук.