Данската компанија „Лего“ ги прикажа најпознатите сцени од „Ромео и Јулија“, „Макбет“ и „Сон на летната ноќ“ во неверојатна стоп-анимација со помош на разнобојните лего коцки на компанијата.
Меѓутоа, „Лего“ си имаат додадено свои елементи во ова оживување на Шекспировите драми. Ако погледнете внимателно ќе забележите неколку аномалии кои со сигурност не се присутни во оригиналните верзии. Можете да си го замислите Ромео со мобилен телефон?
Тие исто така создале и биста на неповторливиот поет и драмски писател со помош на лего коцки. Им биле потребни 9 дена за да ја изградат оваа креација која е 38 сантиметри висока и 3 килограми тешка, составена од 3.250 лего коцки. Таа е поставена во музејот во Стратфорд, родното место на Шекспир, кој се наоѓа во куќата каде што бил роден.