Станува збор за краток анимиран филм на Дејзи Џејкобс кој бил номиниран за Оскар. Таа ја раскажува приказната за двајца браќа кои се обидуваат да се грижат за нивната смртно болна мајка. Иако Ник повеќе се посветува на грижата за мајката и одбива да ја сместат во старечки дом, таа покажува поголема наклонетост кон Ричард кој има добра работа и вози бесни автомобили. Тоа го фрустрира Ник, но не ја намалува безусловната љубов кон мајка си.
Џејкоб била мотивирана да го направи овој филм откако била сведок на смртта на баба ѝ која страдала од Паркинсонова болест. Последните 3 години, нејзината ситуација се влошила и таа била парализирана и осудена на инвалидска количка. Таа ги искористила сите нејзини емоции, конфликти и чувства за да создаде ваква анимација со помош на необична техника. Имено, ликовите се рачно насликани на ѕидови со природна големина, а останатите предмети се комбинација од вистински мебел и реквизити изработени од хартија. Погледнете го овој краток анимиран филм кој несомнено ќе ви предизвика солзи во очите…