Децата не престануваат да нѐ изненадуваат со нивните неверојатни таленти. Постојат многу мали генијалци на светот кои секојдневно ни го одземаат здивот. Едно од тие деца е Мерик Хана, 12-годишно момче кое блесна во шоуто „Америка има талент“ (America’s Got Talent). Тој ги воодушеви судиите со неговата трогателна приказна за еден робот раскажана преку најнеобичниот и најемотивниот танц што некогаш сте го виделе. Неговите прецизни движења и изрази на лицето ги заслужуваат сите пофалби. Да не должиме повеќе, погледнете го и самите овој извонреден талент…