Се работи за американска кампања чија цел е да се развие свесноста за опасноста од поседување оружје дома, со цел да се обезбеди личната сигурност. Дури 60% од американското население смета дека би се чувствувало побезбедно доколку има пиштол. Всушност, вистината е поинаква, а тоа го поткрепува статистиката – поседувањето пиштол ги зголемува шансите за убиство, самоубиство и ненамерна смрт.
За таа цел организацијата „States United to Prevent Gun Violence“ собрала оружје кое било употребено во разни несреќни околности и ги поканувала минувачите кои за првпат сакаат да купат пиштол да влезат во продавницата. Со секое парче е поврзана одредена историја. Што мислите, дали сите овие луѓе на крај ќе излезат со оружје во својата торба?
Пораката на крајот – бесценета: Секој пиштол има историја. Да не ја повториме.