Шоуто „Шпанија има талент“, за само неколку денови се здобило со светска слава благодарение на настапот на оваа девојка. Кристина Рамос (37) се појавила на сцената во долг црн фустан и со оперски настап ги завела сите присутни. Но, потоа музиката се сменила, таа го отстранила долниот дел од фустанот и запеала на добро познатиот рокенрол ритам, кревајќи ја целата публика на нозе.