Да кажете некому колку сексуални партнери сте имале во животот не е едноставно, од една страна сите реагираат како да не е воопшто важно, но од друга страна сите длабоко во себе ве осудуваат. Споделувањето на таа бројка со момчето или девојката е уште потешко, особено затоа што за никого не е возбудливо да го замислува својот сегашен партнер со претходни љубовници во кревет.
Но времињата се сменија, сексуалноста стана многу поотворена и нормална, и тоа за двата пола. И покрај тоа што овој одговор и понатаму е незгоден, овие 11 храбри парови јавно ја споделуваат својата „бројка“ со партнерот. Колку сексуални партнери вие сте имале досега? Би му кажале на партнерот? А на светот?