Барт е едно исклучително паметно куче, кое може да се снајде во секоја ситуација. Ова милениче сака да ја земе топката од базенот, но бидејќи не сака да влезе во вода, најде друг начин да дојде до неа. Во негова близина се најде еден душек за на вода, а Барт без размислување скокна на него и го искористи како сплав да стигне до топката.