Овој многу паметен изум на Бенџамин Шајн е всушност толку едноставен, што човек не може да не се запраша како на никој не му текнало ова досега. Восокот од свеќата паѓа назад во држачот во кој е поставен уште еден фитил. Така, како што капе восокот, околу фитилот се формира втора свеќа. Брилијантно!