Кога ќе го видите на прв поглед, воопшто не изгледа како музичар, а не пак како талентиран фристајл рапер кој беспрекорно ги везе стиховите во мини римувани приказни. Тој им приоѓа на случајни минувачи од кои бара по еден збор врз основа на кој ја почнува изведбата, а некои од нив се безмилосни, па му даваат зборови како Wanderlust и Black Jesus. Но, ниеден збор не е доволно тежок за Гикот кој рапува во маало.