Ако мислевте дека е лесно да се направи лоша песна, тогаш мораме да ви препорачаме да го погледнете ова видео. Целта била да се создаде најлошата хип-хоп песна некогаш создадена за филм, па Дејв и неговиот пријател дале сè од себе. Но, по слушањето на завршниот резултат таа не звучела толку лошо колку што сите очекувале. Всушност, таа излегла толку добро што дуото решиле да направат и лошо музичко видео за неа што повторно не излегло како што планирале. Што мислите вие, како ви звучи оваа песна?