Возењето автомобил е многу сериозна и одговорна задача која бара голема концетрација. Поголемиот дел од сообраќајните несреќи се случуваат токму поради недостаток на внимание. Овие момци решиле да откријат колку секојдневните, па и несекојдневните дистракции навистина влијаат на возењето. Најпрво отишле кај невропсихолог за да измерат колку е силен нивниот фокус, а потоа започнале со предизвикот.
Секој од нив поминал низ три нивоа на дистракции: Одвлечено внимание поради постојано добивање пораки, возење во автомобил со пријателите и дистракција одбрана според желбите и стравовите на момците. На едниот од нив му ја затвориле сопругата во кафез! Погледнете го нивниот забавен експеримент кој ќе ве насмее, но и замисли…