Зимската бура Џонас конечно го одмина Њујорк и метеоролозите за прв пат не го потценија интензитетот на невремето што ги скрши сите рекорди. За повеќето луѓе големите снежни наноси претставуваа главоболка, посебно кога и покрај снегот мора да одат на работа или на училиште. Но, њујорчаните знаат да се забавуваат дури и во најтешките ситуации.
Режисерот на играни и документарни филмови, Кејси Нејстат, и негов другар ги искористиле невообичаено празните улици на Менхетен за скијање и бордање низ градот. Овие авантуристи ја извадиле својата зимска опрема и со помош на макари се закачувале на полициски возила, за да го надополнат недостатокот од угорнини и удолници на градските улици. Кој вели дека во снежните денови уживаат само децата?