Земјотресот е една од најголемите природни катастрофи што можат да му се случат на човештвото. Со оглед на тоа што не може да се одбегне, ниту да се предвиди, најдобро е да се биде добро информиран и подготвен.
Овие неколку луѓе никогаш немале доживеано посилен земјотрес и воопшто немаат идеја како би постапиле во таков случај. Токму од таа причина, тие со помош на симулатор на земјотреси добиваат можност да дознаат како би изгледало кога би се случил силен земјотрес од 7,5 степени. Нормално дека во реалноста нивните реакции би биле многу поинакви, но овој експеримент е доволен за да сфатат дека подготвеноста е најважна. Погледнете ги нивните впечатоци од соочувањето со симулиран земјотрес во следново видео…