Справувањето со ментална болест не е ниту лесно, ниту евтино, ниту едноставно. Повеќето од луѓето не добиваат соодветен третман за нивната ментална болест, но кога конечно ќе тргнат по тој пат, се соочуваат со многу потешкотии додека ја најдат совршената комбинација од терапија и фармакологија.
Токму тоа и можеме да го видиме во ова видео каде што една жена со помош на своите апчиња ни покажува колку тоа е фрустрирачки, но сепак вредно за трудот. Нејзината приказна е оригинална и непредвидлива, но и многу важна со цел да ги потсети сите оние кои се справуваат со ментална болест дека не се сами на овој свет.