Сите ние имаме денови кога мислиме дека не сме доволно добри или надарени за да успееме во нешто што го сакаме. Иако ваквите периоди на сомневање во себе одвреме-навреме нè напуштаат и ни дозволуваат да продолжиме да чекориме во животот, сепак ретки се оние кои толку многу ги поместуваат сопствените граници што ни покажуваат и докажуваат дека навистина секој може да постане сè што ќе посака.
Погледнете ја приказната на Лин Чинг Лан. Видеото е направено за бреднот за убавина „SK-II“ во рамките на иницијативата „Промени ја судбината“ (CHANGE DESTINY).
Во продолжение целосниот инспиративен манифест на Промени ја судбината:
Секоја секунда, имаш можност да ја направиш следната секунда подобра од сега.
Бидејќи судбината не е прашање на случајност, туку прашање на избор.
Затоа ослободи се од она што другите сакаат да бидеш. Промената е во сите нас.
И единствената личност која ти е предодредено да постанеш e личноста којашто ќе одлучиш да бидеш.