Не е тајна тоа дека пандите се многу мили животни кои сакаат да се гушкаат и да си играат со луѓе. Но, понекогаш тие навистина не бираат ниту време ниту место за да ја покажат нивната љубов. Така оваа панда одеднаш решава дека сака прегратка од нејзиниот чувар кој има многу работа и не може да ѝ обрне внимание. Меѓутоа, таа не се откажува! Подготвена е да помине преку брда и планини за да го добие она што го сака. Погледнете го видеото од оваа неодолива панда која упорно бара прегратка од нејзиниот зафатен чувар…