Овој краток анимиран филм бил прикажуван во кината пред почетокот на „Неверојатните 2“ (The Incredibles 2). Во филмот се раскажува за мајка од Кина која страда од синдромот „празно гнездо“ и добива уште една шанса да го почувствува мајчинството кога едно од нејзините „дамплингс“ оживува. Мајката возбудено се грижи за новата радост во нејзиниот живот, но Дамплинг почнува да расте многу брзо, па таа повторно мора да се соочи со вистината дека ништо не останува слатко и мало засекогаш. Краткиот филм можеби ќе добие номинација за 91-вите Оскари, а конечната листа ќе биде објавена на 22-ри јануари 2019-та година.